Ново сценарио: Олимпиецот ја убил Рива, бидејќи била бремена од поранешното момче?


Американскиот таблоид “National Enquirer” тврди дека убавата манекенка му признала на Писториус дека е бремена со поранешното момче Франсоа Хоундгард., што кај него предизвикало напад на бес и љубомора.

oscar-pistorius-re_2480635c“Enquirer” повикувајќи се на свои извори од истрагата, тврди дека убавата манекенка му признала на Писториус дека е бремена, а според полициските извори Стеенкамп одржувала контакти со поранешното момче, што на Писториус не му се допаѓало.

Писториус, како и неговите адвокати не сакале да коментираат на пишувањето на “National Enquirer”, порачувајќи дека најпознатиот светски спортист со инвалидитет сакал да организира приватна комеморација за Рива во Преторија во куќата на неговиот чичко Арнолд, каде спортистот моментално живее.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1