Новогодишни подароци за кои не треба да потрошите ниту еден денар


За да ги израдуваме оние кои ги сакаме треба само да бидеме креативни и да смислиме идеја која нема да не чини ниту еден денар, а ќе покаже дека во подарокот се вложени љубов и труд.podarok

Цитат од омилената книга…

Одберете цитат од омилената книга на вашиот партнер, пријателка или член од вашето семејство. На хартија напишете ја рачно и украсете ја или пак врамете го во некоја интересна рамка која ја имате дома.
Верувајте овој подарок ќе ја израдува личноста за која е наменет бидејќи е важно вниманието и трудот кој сте го внеле.

Пораки на стратешки места во домот…

Пораки на листови кои ќе ги распоредите на стратешки место во домот во кои ќе го потсетите вашиот партнер за некои убави заеднички моменти.

Па дури и едноставна порака со “Само да ти кажам дека те сакам“ ќе го потсети на она што е важно.

Строго чуван семеен рецепт…

Идеален подарок кој можете да и го дадете на пријателката или ќерката е рачно напишан рецепт за колачи кој ви го открила вашата баба.

Колачот кој сите ви го фалат, а со години не сакате да откриете која е тајната состојка бидејќи тој колач на вашата баба и бил посебен, е одлична идеја со него да ја израдувате драгата личност.

Напишано ветување дека ќе преземете некои обврски…

Наместо скапи подароци развеселете го вашиот партнер со рачно испишана порака под елката во која се обврзувате на месец дена или во текот на целата наредна година  да извршувате некоја активност.

Компилација со омилените песни…

Иако звучи како клише, компилацијата со најдраги песни е подарок кој ќе испрати порака дека сте се потрудиле за оние кои ги сакате да одвоите време и да им покажете дека ви значат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1