Проколнатата шума во која стотици извршиле самоубиство (ФОТО)


Во 2003 година биле пронајдени 105 мртви тела, а во 2010 година биле забележани повеќе од  200 обиди за самоубиство, од кои 57 успешни. Поради тоа, Аокигахара исто така е позната и под друго име – „Шума на самоубиствата“.suicide_sign-640x426

Шумата Аокигахара се наоѓа во северозападната област на планината Фуџи во Јапонија, а се протега на 35 квадратни километри.

Поради нејзината густина, за време на престојот во шумата можно е да се слушнат исклучиво звуци кои ги произведува самата природа, но од истата причина во неа многу лесно може да се изгубите ако скршнете од обележаните патеки. shoes_suicide-640x430

Од 2010 година, локалните власти  ја кријат вистинската бројка за да се обидат да ја намалат „атрактивноста“ на самата шума. Покрај тоа, на влезот од шумата е поставен натпис за сите оние кои размислуваат за самоубиство на кој пишува да размислат за своите семејства и да контактираат со здружението за спречување на самоубиства.Japans-Suicide-Forest-Trees-640x424 bosque_suicidios_japan.-640x481

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1