Новогодишни суеверија: Не ги пуштајте дома, русокосите се баксуз, исто како и црните мачки!


Лош знак – ако нешто се скрши, се изнесе од дома, ако жената прва го помине прагот…

Русокосите и црвенокосите би требало да се затворат дома од 31 декември и да излезат дури на 2 јануари. Бидејќи во секој дом каде ќе го прејдат прагот во првиот ден од новата година, ќе му донесат несреќа. Ако после полноќ, во новата година, прва го помине прагот црвенокоса или русокоса жена – не чини! Ако заборавите да им ја честитате 2015 година на сите кои ви се мили, не е добро. Тоа е знак дека ќе се оддалечите од нив во претстојната година. Отпадокот од домот никако не смее да се исфрла на 1 јануари, бидејќи тоа ја „повикува“ лошата среќа. Ова се само некои примери од новогодишното суеверие. А ги има разни и се однесуваат на храната, пијалакот, гардеробата, парите, однесувањето за време на дочекот и првиот ден на очекуваната подобра нова година.
zizici nova godinaПостојат обичаи и верувања на кои се придржувале уште нашите баби. Има и нови, помодерни и сите имаат намера да штитат од невоља и да ја повикаат среќата во новата година.

Кај некои постои верувања дека дури и ветарот може да биде добро наговестување каква ќе биде претстојанта година. Доколку ветар нема, или дува од југот, наредната година ќе биде добра и полна со изобилство. Меѓутоа, ако дува од истокот, годината ќе донесе сиромаштија и невољи.

Некои од верувањата кои се прераскажуваат во врска со Новата година се дека за да биде годината благородна, за да биде се како што треба, фрижидерот на 31 декември мора да биде полн. Покрај тоа, во секој паричник треба да има пари, а особено во оној кој активно се користи. Постои и верување дека на денот на Нова година и на 1 јануари никако не треба да се позајмуваат пари. Треба да се вратат долговите од годината што изминува. Ако Новата година се започне со долгови, се верува дека целата година ќе биде беспарица.

Советот кој се пренесува од колено на колено е дека и на 1 јануари ништо не смее да се изнесува од дома. Ниту отпадокот. Постои и поблага варијанта која вели дека може да се изнесе, ако нешто се внесе.
Исто така, кружат приказни дека никако не е добро нешто да се скрши за Нова година. Покрај тоа, плачењето и лошото расположение на 31 декември и 1 јануари значи дека годината ќе биде таква.


Избегнувајте црно

Македонија е богата ризница на верско, традиционално, обичајно суеверие и духовно наследство.
Меѓу најпознатите се дека се што е лошо останува во старата година, дека треба да се носи нешто црвено поради напредок. Борот е симбол на долговечност и победа на животот. Зеленото и среде зима штити од зли духови и негативна енергија. Избегнувајте црна боја, мачка, гаврани, врани, гусларски песни, бидејќи црната боја е симбол на страдање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1