Трамп неколку пати изразил желба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин кратко по неговата инаугурација и постави нови односи на руско-американските односи.
Москва би можела да го признае Косово во рамките на воспоставувањето на нови односи помеѓу Америка и Русија, вели главниот експерт за Русија во Велика Британија, Мери Дејевски.
Еден од најугледните експерти и коментатори за Русија, Мери Дејевски, изнела можност дека Русија би можела да го признае Косово, како дел од поширокиот договор помеѓу Москва и Вашингтон, откако Доналд Трамп ја преземал функцијата претседател на САД.
Колумнистката на Guardian ја изнела оваа идеја во католичкото списание “Таблет”, размислувајќи за последиците од успешен состанок помеѓу Трамп и Путин во блиска иднина. Трамп неколку пати изразил желба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин кратко по неговата инаугурација и постави нови односи на руско-американските односи, пренесува Balkan Insight.
Мери Дејевски редовно се состанува со лидери од Кремљ преку групата “Валдаи”, која се среќава со руски службеници секоја есен, а сугерирала дека Москва би можела да го признае Косово како дел од пакетот договори, чија цел би била затворање на различните дипломатски проблеми кои ги загрозиле односите помеѓу двете сили.
Таа го опишува Трамп како човек кој постигнува договори и кој брзо би сфатил дека рускиот лидер бил сериозен кога зборувал за договор, но би се дистанцирал доколку почувствува дека е во заблуда.
Меѓутоа, Дејевски вели дека Путин вложил многу труд за да успеат договорите со новиот американски претседател, и дека тешко дека ќе дозволи оваа шанса да му пропадне, бидејќи тоа би ја загрозило неговата позиција дома.
Темпото на признавање на Косово е забавено во последните години, а минатата година тоа го направиле само две држави – Суринам и Сингапур. Вкупно 110 од 193 држави членки на ОН досега го признале Косово.
Додека руското признавање би било славено како голем успех на Косово, тоа би било голем шок за историскиот сојузник на Русија, Србија, пишува во статијата. Белград рекол дека никогаш нема да ја прифати косовската државност и продолжува да тврди дека Косово е составен дел од територијата на Србија, но сепак прифатил да ги нормализира односите со Приштина под покровителство на ЕУ.