Нуди бесплатен одмор во Дубровник – се на негова сметка


Синиша Мештриќ од Хрватска на својот “Фејсбук” профил нуди седумдневен бесплатен одмор во Дубровник за едно семејство.

dubrovnikСместувањето и трошоците за превозот во двата правци ќе им бидат обезбедени, а одморот би можел да се искористи во септември, пренесува Канал77.

Оваа понуда исклучиво ќе можат да ја искористат семејства со многу тешка имотна состојба, а предност имаат деца со бронхијални проблеми на кои промената на воздухот би им користела за здравствената состојба.

Пријавите и предлозите можат да се испратат во инбокс на фејсбук или на емал [email protected]. Дали понудата важи само за Хрватска или и за целиот регион не е наведено, но можете да проверите. Во секој случај идејата на Мештриќ е доволна провокација за македонските туристички работници да ја применат неговата иницијатива и тука во Македонија.

Одлична иницијатива и пример до сите што имаат услови, да го сторат истото!

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1