Речиси 100.000 луѓе побараа Меланија Трамп да го напушти Њујорк откако во петокот е објавено дека идната прва дама има намера да остане во градот сè додека не заврши училишната година на нејзиниот син Барон, пишува „Индепендент“.
Обичај е семејството на новоизбраниот претседател да се пресели заедно со него во Белата куќа штом ќе го превземе Овалниот кабинет, но Меланија одлучила поинаку, што даночните обврзници ги чини милион долари дневно поради безбедносните трошоци поврзани со нејзиното останување во Њујорк.
Затоа, граѓаните му предале петициија на гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо и на градоначалникот на Њујорк Сити Бил де Блазио во која стои дека одбиваат да ѝ ја плаќаат заштитата на првата дама откако Доналд Трамп ќе се исели од пентхаусот сместен во „Трамп кулата“ на Петтата авенија.
„Граѓаните на Њујорк одбиваат да плаќаат милион долари дневно за да може Меланија да остане во градот. Ако тие двајца така одлучиле тогаш самите би требало да ги плаќаат трошоците за нејзиното останување. Доларите на даночните обврзници во Њујорк треба да се користат за улиците, училиштата, превозот, санитарната мрежа, новите трудови и за другите трошоци на градот. Новите даночни обврзници треба да се користат за благосостојбата на сите граѓани, а не само за еден/ни“, стои во петицијата на налутените граѓани.