„Њујорк Тајмс”: Посетата на Папата ја враќа Северна Македонија на мапа


Реномираниот американски весник „Њујорк тајмс“ објави сторија за посетата на Папата Франциск и неговата посета на земјава.

– „Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. Папата Францск порача дека Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот, рече дека нејзината историја на диверзитет добро ќе и служи во нејзините односи со Европа. Тој исто така изрази надеж дека интеграциите ќе се одвиваат на начин кој ќе биде од бенефит за целиот Западен Балкан“, пишува во статијата за историската посета на Папата.

Текстот се осврнува и на говорот на претседателот во заминување, Ѓорге Иванов, вчера пред Папата во Вила Водно.

– „Но не сите го делеа ентузијазмот на папата за развојот на настаните во оваа држава. Претседателот Иванов, кој ја претставува конзервативната партија, за која Договорот од Преспа е предавство, му рече на папата дека доаѓа во време на големи поделби во земјата, која ја ословуваше со името Република Македонија“, забележува Њујорк Тајмс.

Инаку, на мисата имаше повеќе од 15.000 верници, имаше строг режим во Скопје, вриеше од полиција и специјалци, а за сите кои беа на мисата имаше детална проверка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1