Нов циклон доаѓа во Македонија – „Андреа” носи пресврт


По циклонот Ален кој ја зафати нашата држава изминативе денови и донесе дури и снежни врнежи како и невообичаено ниски температури на воздухот веќе за време на викендот одсносно од недела нашата територија ќе биде зафатена од новиот циклон Андреа, јавува Славчо Поповски.

Овој циклон ќе услови нова значителна дестабилизација на времето како и нови поинтензивни врнежи од дожд, но сепак и покрај ова температурите ќе бидат повисоки за разлика од оние кои ги услови Ален.

Поради загреаната атмосфера локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а на некои места не се исклучува можноста и за невреме проследено со електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Инаку температурите следните денови ќе бидат во пораст па така најтопло ќе биде во сабота кога значително ќе пораснат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени додека пад на истите ќе има од недела но како што веќе кажавме нема да опаднат за разлика од оние температури кои ги донесе АЛЕН. Сепак и покрај малку постабилното време од утре до сабота сепак локално ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1