Нуланд на средби со партиските лидери


Средбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, сè уште трае, а во американската амбасада во Скопје пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Опозициската СДСМ најави дека во 11.15 часот лидерот Зоран Заев ќе ја прими Нуланд во седиштето на партијата, а отаму американската функционерка заминува на средба со Никола Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во најавата за посетата на Нуланд се наведува дека таа ќе се сретне и со граѓанскиот сектор, како и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

На средбите, како што најави претходно Стејт департментот, ќе се разговара за билатералните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар. Американската функционерка својата балканска турнеја ја започна со посета на Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1