ОТКРИЕНО: Како Роналдо ги мотивирал соиграчите да го дадат најдоброто од себе и да победат


За време на финалниот натпревар, уште во првата половина, Кристијано Роналдо беше приморан да седне на клупа поради повредата на коленото но се врати во драматичната завршница.

Сепак, Роналдо имал голем удел во победата и освојувањето на Европското првенство.ronaldo

Неговиот соиграч Седрик Соареш на јавноста и откри значаен момент, кој можеби бил и причината што Португалија стана европски првак. Тој момент бил говорот кој Роналдо го одржал пред своите соиграчи.

-Кога Роналдо се повреди за нас тоа беше многу тежок момент. И за мене но и за тимот. Мислам дека сите бевме по малку загрижени за тоа како ќе одиграме, но по втората половина од натпреварот, Роналдо одржа фантастичен говор. Имаше навистина огромна самодоверба и ни рече: Слушајте момци, јас сум многу сигурен дека ќе го освоиме првенството. Затоа држете се како тим и борете се за тоа! Беше неверојатно! Никогаш нема да ја заборавам неговата самодоверба, тоа ни даде сила на сите. Кога сите се бориме како една целина, тогаш сме многу посилни, објаснува Соареш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1