Поранешната американска рагби ѕвезда О Џеј Симпсон викендов е пуштен на слобода по девет години минати в затвор.
Тој во 2007 година беше осуден за провала во хотелска соба во Лас Вегас.
– Пуштањето од затовор се случи во саботата, малку по полноќ, изјави портпаролката на Одделот за корекции на Невада, Брук Кист за Си-Ен-Ен.
– Му кажав „не се враќај,“ и тој ми одговори – „Немам таква намера“. Изгледаше оптимистично, уверено и беше среќен што ќе продолжи со својот живот, рече таа.