Американскиот претседател во заминување Барак Обама последен пат денеска излезе од Овалната канцеларија, работна соба на шефот на државата.
Обама во Овалата канцеларија, на маса од 19 век, на Трамп му оставил писмо. Тоа е обичај претседателот што ја напушта функцијата да остави лична порака до неговиот наследник.
Обама наскоро со Трамп ќе испие чај во Белата куќа пред да тргнат со семејствата кон Капитол хил, каде ќе биде одржана свеченост за инаугурација на новоизбраниот претседател на САД.