Обама се сретна со Путин – средба и со Ердоган


Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, на маргините на самитот за климатските промени во Париз денеска половина час разговараа зад затворени врати за сириската криза, ситуацијата во Украина и неодамнешното соборување на рускиот бомбардер во Сирија.

По средбата се огласи официјален Кремљ соопштувајќи дека Обама изразил жалење за инцидентот во кој турските воздухопловни сили го соборија рускиот авион „Су-24“.obama putin

Како што е соопштено, лидерите на Русија и на САД разговарале и за Украина и притоа се согласиле за неопходноста од целосна примена на спогодбата од Минск, пренесуваат британските медиуми.

Обама на Путин му соопштил дека сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да си замине од власта во рамки на политичката транзиција, наведе претставник на Белата куќа.

Американскиот претседател се заложил за дипломатско решение на украинската криза, додавајќи дека санкциите против Русија може да бидат повлечени кога Москва ќе го испочитува договорот од Минск, изјави претставникот на Белата куќа.

Американските медиуми претходно пренесоа дека во прашање е приватна средба на двајцата лидери и дека не е планирана нивна официјална средба во текот на дводневната конференција.

Путин и Обама два пати се сретнаа пред две недлеи, на самитот на Г20 во Анталија, а една од нивните средби траеше околу 20 минути, потсети агенцијата ТАСС.

Кремљ претходно објави дека Путин веројатно ќе се сретне со американскиот колега на маргините на самитот за климатските промени, но дека нема да има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американските медиуми соопштија дека Обама го повикал својот руски колега да ги намали тензиите со Турција, што се појавија по соборувањето на рускиот авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1