Обама: Женами ќе биде претседател на САД само ако дојдат вонземјани


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата сопруга Мишел никогаш нема да се кандидира за шеф на државата, освен ако не се вмешаат вонземјани.

obama zakletva 2Прашан што ќе помисли ако по 10 години Мишел Обама му соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД, тој на шега одговори дека ќе праша „што направивте со мојата сопруга? Бидејќи според мене тогаш некој вонземјанец ќе биде во нејзиното тело“.

– Можам да ви ветам едно нешто, а тоа е дека Мишел нема да се кандидира за должност за која гласа народот, увери американскиот претседател, чиј втор мандат завршува на 20 јануари 2017 година.

Уште пред две години Мишел Обама ја отфрли ваквата можност, признавајќи дека претседателската функција е навистина тешка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1