Завршена е обдукцијата на телото на убиената Ивана Подрашиќ при што биле констатирани стравични повреди кои на несреќната девојка и ги нанел монструмот Дарко Костиќ.
– Констатирани се тешки повреди на главата од удар со тап предмет, најверојатно мотика. На вратот на девојчето се пронајдени и траги од насилно давење, а по целото тело имала очигледни модриники и повреди, што докажува дека Ивана се борела за својот живот, додека убиецот ја тепал, рекол извор од истрагата за српски Блиц.
Обдукцијата докажала и дека девојчето било брутално силувано.
– Повредите се очигледни, а самото силување го призна и уапсениот. Обдукцијата покажа дека девојчето преживеало вистинска тортура од силувачот, што ќе биде потенцирано во обвинението кон убиецот, додал изворот.