Британскиот „Дејли Мејл“ објави фотографија на која се гледа снајперист кој лежи на земја и низ нишан ги набљудува автомобилите кој влегуваат во тунелот.
Оваа фотографија е пронајдена во лаптопот на британскиот војник, кој тврди дека знае кој ја убил принцезата Дајана.
Инфомарцијата дека Дајана ја убил припадник на британската војска неодамна стасала до Скотланд Јард, а дошла од воени извори и сега со неа се занимава Посебна команда за криминал и операција. Во меѓувреме војникот кои требало да сведочи исчезнал. За новите информации се заинтересирал и лично синот на Дајана, принцот Вилијам кој побарал да има увид во новите информации.
Дајана и египетскиот милијардер Доди Ал Фајед загинаа во сообраќајна несреќа во Париз на 31. август 1997. година. Според тогашните информации тие бегајќи од папараци со возилото мерцедес удриле во столб во тунелот.