Прорускиот градоначалник на украинскиот град Харков Генадиј Кернес беше тешко ранет денеска при обид за атентат врз него, јави ИТАР-ТАСС.
Во соопштение на градскиот совет на Харков се појаснува дека лекарите се борат за животот на Кернес, кој бил застрелан во грбот. Извршителите на нападот засега се непознати.