Обид за киднапирање дете во Ново Лисиче? Се шири паника на Фејсбук, пријава во МВР нема


Случајот со обид за киднапирање на дете среде бел во Ново Лисиче денеска повторно ја вознемири македонската јавност. Се работи за немил настан кој се случил вчера додека мајка го носела своето дете на доктор.

– Жена со црна коса и црни наочари и пришла и ја прашала каде се новите згради, и додека девојката и објаснувала, жената ја фатила за рака, и во ист момент маж пробал да и го грабне детенцето од количка, кое што за среќа било врзано. Девојката почнала да вришти, и жената и мажот побегнале. Во близина немало ни луѓе, ни коли… – стои во статусот кој на „Фејсбук“ го објави пријателка на мајката.1status

На социјалните мрежи веќе се рашири паника и овој настан беше поврзан со претходните слични случаи. Неодамна во населбата 11 Октомври во Кисела Вода, автомобил „опел“ им пришол на десетгодишни деца кои си играле, а маж и жена и им нуделе играчки со цел да ги привлечат во колата. Слична случка во која повторно се споменува „опел“ се случила пред некој ден во Драчево.

Но, до овој момент, ни еден од овие три случаи не е пријавен во некоја од скопските полициски станици. Од полицијата помош не побарал ни еден од родителите.

– Повторно нема пријава за ваков настан. Нема пријава ни за Аеродром, ни за Драчево, ни претходно за Кисела Вода. На социјалните мрежи се создава паника, но никој до сега официјално не пријавил – велат од СВР Скопје за „Република“.

Доколку се алармира полицијата, сомнителните лица побрзо ќе бидат донесени пред лицето на правдата. Неодамна слична паника по социјалните мрежи се крена околу манијакот кој напаѓал девојчиња низ Аеродром и други скопски населби, но граѓаните и тогаш не пријавуваа во полиција, туку само апелираа да се внимава на социјалните мрежи.

Republika.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1