Обид за убиство со ножици пред Капитол Мол


Дваесет и девет годишен скопјанец кривично ќе одговара за убиство во обид откако со ножици нападнал две лица.

Инцидентот се случил пред пет дена пред ТЦ Капитол Мол, по претходна расправија меѓу четворица скопјани, познати деливкенти за полицијата.

МВР го расчисти и ова убиство во обид на кое му претходело нетрпрение меѓу Б.Ј.(40) и Е.А.(29).

policija centar nokj

Е.А. директнио му се заканувал и го навредувал Б.Ј., но истото почнал јавно да го прави и на социјалната мрежа “facebook”. Поради заканите и завредите пред пет дена Б.Ј. телефонски го повикал Е.А. да дојде пред трговскиот центар во скопски Аеродром за да го расчистат недоразбирањето.

-Пред трговскиот центар и двајцата дошле со по уште едно лице и веднаш меѓу истите започнала вербална расправија, која набргу прераснала во тепачка, во која Е.А. со ножици им нанел убодни рани на Б.Ј. и Д.А.(29), по што се дал во бегство, а Н.Ј.(24) кој заедно со него учествувал во тепачката и бил сведок на извршувањето на кривичното дело, случајот не го пријавил во полиција.  Кај двајцата повредени се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болница се пуштени на домашно лекување, соопшти МВР:

По целосно документирање на кривично правниот настан, СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, против Е.А. ќе  поднесе кривична пријава “убиство во обид“, а Н.Ј. кривично ќе одговара за сторено дело “помагање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1