Арамии, завчера, се обиделе да го ограбат станот на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц.
Според пријавата, крадците во станот, кој се наоѓа на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, се обиделе да провалат меѓу 13 и 14 часот, додека немало никој. Крадците, иако ја скршиле бравата и лајсната на вратата, не успеале да влезат во станот, веројатно, затоа што наишол некој од соседите.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Истиот ден, крадците провалиле друг стан во зградата, од каде одзеле златен накит вреден 10.000 евра.
Sky