Обиена редакцијата на Плусинфо


Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Одговорниот уредник на порталот Бранко Героски вели дека е земен голем дел од опремата што се состои од лап-топ компјутери и форографска опрема а било претурано и по документите.

plus info obiena

Foto -Plusinfo.mk

Тој додава дека се сомневаат оти се работи за нешто повеќе од грабеж напоменувајќи дека Плусинфо е медиум кој критички ја опсервира власта.

Настанот го пријавиле во полиција која во моментов врши увид во просториите на редакцијата. Героски вели дека увидната екипа засега утврдила дека влезната врата била насилно обиена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1