Пет граѓани пријавиле во министерството за внатрешни работи дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети.
Како што извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага.
Од МВР изјавија дека истрагата е во тек, кога ќе заврши ќе соопштат во јавноста.
Од „Шпаркасе банка“, испратија соопштение во кое се вели дека банката во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење.
„ Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи. Банката ги преземa сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужува со висока професионалност “, стои во сопштението на „Шпаркасе банка“.