Саудиска Арабија распиша конкурс за вработување на осум нови џелати, откако бројот на извршени смртни казни во земјата се искачи на 85 од почетокот на годината.
Во описот на работното место, што вчера е објавен на интернет, се наведува дека не е потребно никаква специјална обука. Од егзекуторот се бара јавно да ја отсече главата на осудените криминалци, како и ампутирање на екстремитетите на осудените за полесни кривични дела.
Во огласот се истакнува дека егзекуторите ќе се сметаат за „верски функционери“, бидејќи ќе служат на верскте судови и ќе имаат плати како ниските државни службеници.
Саудиска Арабија се наоѓа на трето место, по Кина и Иран, како држава во која се спроведуваат најголем број смртни казни, а бројот на извршени егзекуции нагло е зголемен по доаѓањето на кралот Салман на тронот во јануари.
За помалку од пет месеци Саудиска Арабија речиси стигна до бројката од 90 егзекуции., колку што се извршени во текот на цела 2014 година, наведува „Амнести интернешенел“.