На 65 години роди син


Една 65-годишна Израелка стана најстара родилка во Израел и една од најстарите во светот откако вчера го роди нејзинот прво дете, јавија денеска израелските медиуми.

Хаја Сара Шахар, ултраортодоксна Еврејка од Бнеи Брака, близу Тел Авив, го роди нејзиното прво машко дете во болницата Меир во Кфар Саби.

Таа се обидувала да остане бремена откако се венчала пред 45 години. Бебето родено е со царски рез, а забременила преку ин-витро, сперма од донатор или купена, болницата не откри до крај.

132648956-540x320

Сахар и нејзиниот сопруг Шмуел (67) ја препишуваат успешната бременост на благословите на нивниот рабин, јавија израелските медиуми.

Докторката Тал Битор, гинеколог во израелската болница Меир каде е родено момчето од 2,68 килограми, изјави дека може да дои иако е во поодминати години.

– Ние не препорачуваме обид на бременост по 54 година, но бевме многу возбудени во текот на породувањето. Не се сомневаме дека ќе биде одлична мајка. Таа е посебна личност. Бебето е многу слатко, рече докторката.

Вештачкото оплодување во Израел е забрането по 54. година од животот.

Докторката исто така, рече дека бремената жена редовно доаѓала на контроли во клиниката за следње на висока ризична бременост, одела на неопходни тестови и ултразвук, дека секогаш соработувала, никогаш не се жалела, ниту била потребна долга хоспитализација.

Минатата година една 61-годишна жена роди син во болницата во Ерусалим.

Израелските медиумите наведуваат дека не е сосема јасно која е најстара жена која се породила.

Пред две години британски „Дејли мејл“ објави дека Раџо Деви Лохан од Индија е најстара родилка која роди дете на 69 години.

Сепак, во 2008 година Еј-Би-Си њуз (АБЦ) јави дека една друга Индијка, Омкари Панквар, роди близнаци на 72 години.

„Џерузалем пост“ ја споменува и Марија дел Кармен Бусад де Лару од Шпанија која роди близначки со неполни 67 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1