Објавен список на 12 „валкани“ кардинали кои не смеат да бидат папа


Група на жртви на злоупотребувања извршени од страна на свештени лица, објави список на „Дванаесетмината валкани“ кардинали, кои врз основа на нивниот став кон злоупотребувањата од страна на свештенството и коментарите со кои излегоа во јавноста на таа тема, би биле најлоши можни кандидати за папа, јави Си-Ен-Ен.

kardinalivОд групата Мрежа на лицата, кои го преживеале злоупотребување на свештениците (Survivors’Network of those Abused by Priests – SNAP) изјавија дека својата листа ја составиле врз основа на медиумските извештаи, правните документи и изјавите на жртвите.

На списокот се најде и контраверзниот кардинал Тимоти Долан од Њујорк, чиј портпарол не сакаше да ја коментира црната листа. – Не сакам да одговарам на наводите на групата која нема никаков кредибилитет, изјави портпаролот Џизеф Звелинг.

За листата кометар даде и ватиканскиот портпарол Федерико Ломбарди. – Сметаме дека СНАП не е тој што одлучува за тоа кој ќе дојде на конклавата и кој ќе биде избран. Кардиналите сами ќе одлучат за тоа без да ја прашаат СНАП за совет, рече Ломбарди.

Освен Тимоти Долан на списокот се најдоа уште двајца Американци, Шон О’Мали од Бостон и Доналд Вуери од Вашингтон, потоа аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри, Џорџ Пел од Австралија, Марк Квелет од Канада, Доминк Дука од Чешка, Петер Турксон од Гана, Оскар Родригез Марадиага од Хондурас, Тарцисио Бертоне и Анџело Скола од Италија и Норберто Ривера Карера од Мексико.

СНАП нагласува дека сите кардинали не се нашле на списокот поради затајување на случаите со сексуално злоупотребување на деца од страна на свештеници, туку има и такви кои на неа се ставени поради изјавите кои ги дале на таа тема.

Шестмина кардинали од оваа листа се најдоа и на списокот од 12 кардинали, кои имаат најмногу шанси за наследување на Престолот на Свети Петар (Долан, Сандри, Квелет, Турксон, Марадиага и Скола)

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1