41 загинат и 239 ранети е најновиот биланс на жртвите во синоќешниот троен самоубиствен бомбашки напад, соопштија денеска локалните власти на Истанбул.
Досега е утврден идентитетот на 37 од загинатите, од кои 24 се Турци, десетмина се странци, а тројца имаат двојно државјанство. Медиумите веќе објавија и список со имиња на жртвите.Иако засега никој директно не презеде одговорност за синоќешниот напад, турските власти посочуваат дека „доказите упатуваат на ИД“.