Објавена листата на масоните: Ја саботирале истрагата за Титаник и го штителе Џек Мевосек


Масоните биле доминантна сила во истрагата за потонувањето на Титаник и допринеле да се извлечат одговорните од естаблишментот, тврдат најновите податоци.

Имено, објавена е тајната архива од Слободните ѕидари во која се наоѓаат имињата на 2 милиони масони од 1733 до 1923 година. Ова, како што наведуваат експертите, би можело да доведе до ревизија на речиси 200 години од британската историја откривајќи дека всушност масоните се наоѓале на сите нивоа на некогаш најмоќната монархија на светот, тврдат британските медиуми.masoni
За многу познати Британци кои биле масони веќе одамна се знае – Винстон Черчил, Оскар Вајлд, Радјард Киплинг… Сепак, сега се открива дека одредени личности, вклучени во истрагата за потонувањето на Титаник, биле членови на масонските ложи.

Имено, истрагата која ја спровел американскиот Сенат покажува дека малиот број на чамци е резултат на лабавите правила, а сите очи се вперени во Британскиот одбор за трговија.

Сепак, истрагата која ја спровела Велика Британија под надзор на лордот Мерсеј го ослободила Одборот од одговорност. Случајност или не, и лордот Мерсеј бил масон. Но, не само тој туку и претседателот на Одборот за трговија, Сиднеј Букстон.SRBIJA MASONI SASTANAK
Во архивите исто така може да се пронајде и тоа дека најмалку двајца од петината експерти кои биле испитувани по повод целиот случај, биле масони.
Тука не е крајот. Лорд Пирие, кој бил директор на бродоградилиштето кое го направил Титаник, воедно бил и слободен ѕидар.

Мистеријата наречена Џек Мевосек

Сепак, она што го откриваат тајните архиви е всушност ново светло кое се фрла на случајот на еден од најпознатите сериски убијци во Велика Британија – Џек Мевосек.

Новата книга на Брук Робинсон тврди дека Џек Мевосек е всушност Мајкл Мајбрик. Робинсон истакнува дека сите убиства на Мевосек носат печат на масонски ритуал – на пример, на лицето од една од неговите жртви биле нацртани два компаси.

Џек Мевосек можеби конечно е откриен, со оглед на тврдењата дека всушност станувало збор за пејач кого го штителе полицајци, инаку членови на масонските ложи.djek trbosek robot
Според објавените тајни документи, Мајбрик и неговиот брат Џејмс – кој претходно се нарекувал Мевосек – всушност биле масони.

„Во времето на Џек Мевосек, во Парламентот имало околу 360 Ториевци од кои 330 биле масони. Целата владејачка класа била во слободните ѕидари. Целта на етиката на масоните е – да се заштити братството без оглед на се`. Тие не го штителе Џек Мевосек, тие го штителе системот кој Мевосек го загрозил. А, штитејќи го системот, морале да го заштитат и него. А, Мевосек го знаел тоа“, тврди Робинсон, пишува Daily Mail.

Според архивите, слободните ѕидари биле истакнати членови од Скотланд Јард, вклучувајќи го и комесарот на полицијата Метрополитен, Сер Чарлс Ворен. Други докази доаѓаат од двајца патолози. Двајца од тројцата патолози кои ги испитувале телата исто така биле масони.

Се тврди дека Мевосек бил член на Ложата од 1863 до 1887 година. Тоа значи дека од неа излегол само една година пред мистериозните убиства на жените во Источен Лондон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1