Раша тудеј објави снимка од спасувачката операција откако руски воен авион упатен кон Сирија се урна во Црно Море. Повеќето патници во авионот беа членови на познатиот воен хор Ансамбл Александров.
Делови од авионот се најдени во Црно Море на длабочина од 50 метри, на околу 1,5 километар од рускиот брег. Агенциите наведуваат дека од авионот не бил испратен никаков СОС-сигнал.