Телевизијата Ал Арабија објави видео снимка од воздушните напади на Военото Воздухоплоство на Саудиска Арабија врз автомобилот на шефот на Високиот политички совет на Јемен и лидерот на движењео Ансар Алах, Салех ал Самада.
На снимката се гледа лансирањето на две ракети. Првата погодува автомобил, додека другата ги погоди луѓето што излегоа од вториот автомобил.
Веста за погибијата на Самада е објавена на 23. април. Духовниот лидер на движењето Ансар Алах, Абдел ал Хуси, вети дека ќе ги казни виновниците за погибијата на нивниот политички лидер. За нападот ги обвини САД и Саудиска Арабија.