Објавата на фотографијата со мртвите тела на терористите весникот ја оправдал со тоа што смета дека „францускиот народ има право да ги види“, пренесуваат светските новински агенции. Францускиот весник Пари мач објавил фотографии од телата на двајцата браќа што беа одговорни за крвавиот јануарски напад врз новинарите и уредниците на сатиричниот весник Шарли ебдо.
Трите објавени фотографии ги прикажуваат телата на Шериф и Саид Куачи како лежат на подот откако полицајците ги застрелале на 9 јануари, пред фабриката за хартија во Данмартен ен Гол, во близина на Париз, каде што заврши потерата по двајцата терористи.