Објавени првите фотографии од остатоците на авионот на Египет ер (ВИДЕО)


Тимовите за потрага ги лоцирале ткн „црни кутии“ од патничкиот авион на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ кој во четвртокот утрото во Средоземното Море, а египетската армија ги објави фотографиите од предметите пронајдени во текот на трагањето по остатоците од авионот од типот „Airbus A320-232“ на компанијата „EgyptAir“ на летот MS804 од Париз за Каиро со 66 патници и членови на екипажот исчезна од радарите во четвртокот утрото набрзо откако го напуштил грчкиот и навлегол во египетскиот воздушен простор.

Информацијата за лоцирањето на ткн „црни кутии“ кои ги регистрираат податоците за летот и разговорите во пилотската кабина, ја објави американската телевизиска мрежа CBS, повикувајќи се на извори во владата на Египет.avion

Според извештајот, „црните кутии“ се лоцирани во областа на грчкиот остров Карпатос, меѓу островите Крит и Родос, каде што беа пронајдени и првите остатоци од авионот, како и лични предмети кои им пропаѓале на патниците. Во моментов египетските сили ја спроведуваат операцијата за извлекување на површината на снимачите на податоците кои треба да ги разјаснат причините за трагедијата.

Претходно беше објавено дека се пронајдени и делови од тела и патни торби. Трупот на авионот уште не е лоциран.

Египетската армија малку претходно во саботата ги објави фотографиите од пронајдените предмети, како делови од авионски седишта и предмети јасно означени со логото египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“.

Иследниците, според британскиот јавен сервис BBC, објавиле дека е утврдено дека во различни делови на кабината на авионот три минути пред исчезнувањето од радарите бил регистриран чад, но причината за тоа сé уште е непозната.

Фотографиите кои на фејсбук страницата ги постави портпаролот на египетските вооружени сили, прикажуваат појаси за спасување и други предмети.tela

Иследниците наведуваат дека досега ништо не е исклучено како можна причина за несреќата. Можната причина за хаваријата е пожар, но сите претпоставки и натаму се отворени.

Франција повторно истакна дека се можни сите претпоставки за причините за несреќата на MS804, по потврдата во саботата дека во авионот пред падот се појавил чад.

„Во овој момент… се испитуваат сите можности, и ниедна нема приоритет. Информациите кои овде онде се појавуваат, понекогаш и противречни, пречесто наведуваат на речиси сигурни заклучоци. Предупредувам дека тоа не е добро, бидејќи семејствата (на жртвите) патат поради тоа“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејро, во кусото појавување пред новинарите по средбата со семејствата на 15-те француски државјани на летот во Париз.

„Секако дека потрагата по авионот денеска е најважно, како и дека пронаоѓањето на ‘црните кутии’, што ќе ни овозможи да добиеме одговори на легитимните прашања. Ветувам дека Франција редовно ќе известува за текот на различните постапки поради утврдување на вистината“, изјави Ејро пренесува AFP.

Притоа шефот на француската дипломатија ветил дека ќе биде „солидарен“ со семејствата на жртвите но и „јасен во врска околностите за исчезнувањето на авионот“.p1

Нагаѓањето за причините за несреќата започнаа во петокот вечерта по информациите објавени во американските медиуми дека автоматскиот комуникациски систем во авионот пред падот издал повеќе сигнали за предупредување. Еден јавил за чад од непознато потекло во предниот дел од кабината, а друг, по тоа, за грешка на серверот кој управува со наредбите за летање.

Париското Биро за истражување и анализи (BEA) кој во Египет испрати тројца свои експерти, потврди во саботата дека „автоматскиот комуникациски систем на авионот издал предупредувања за присуство на чад во кабината веднаш пред да биде прекинат преносот на податоците“.

„Сето тоа упатува на фактот дека најверојатно не станува збор за грабнување, дека немало борба во пилотската кабина и дека најверојатно станува збор за пожар. Засега не знаеме дали во прашање е пожар поради техничка грешка, краток спој, или поради експлозија на бомба“, изјави за CNN Филип Баум, стручњак за аеронаутика.p2

Досега, египетските власти и експертите, како што се чини, даваат предност на претпоставката за терористички напад како причина за падот на авионот, имајќи предвид дека пилотите биле многу искусни, и дека е сомнително што не испратиле сигнал за помош, што навестува дека проблемот бил силен и ненадеен.

Исчезнатиот „Airbus A320“ бил произведен во 2003 година. Со него управувал искусен екипаж, капетанот на летот, на пример, имал 6.275 часови летање, од кои 2.101 час на истиот тип летало, додека копилотот имал 2.766 часови летање.

Информациите за чад во авионот ги потврди официјален претставник од француското Биро за истраги и анализи за безбедноста на цивилното воздухопловство.

„Овие пораки не укажуваат што можело да предизвика чад или оган во авионот“, рече агенцијата за Ројтерс. АКАРС-пораките „обично значат почеток на пожар“, изјави портпаролот на БЕА Себастијан Барт за Асошиејтед прес.

Авионот полета во средата од парискиот аеродром Шарл де Гол со 66 патници и екипаж и се упати кон Каиро, но рано во четвртокот исчезна од радарите во египетскиот воздушен простор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1