Објавени сликите од злоставувањето, актерката порача: Ниту една жена не смее да остане во ваква врска (ФОТО)


Откако пред две недели за прв пат на социјалните мрежи објави дека нејзиниот свршеник е насилен, Линдзи Лохан проговори во јавност.

Таа изјави дека врската за која се надевала дека ќе заврши со брак и деца, всушност била насилна и нестабилна.lindzi-lohan-640x417

-Сфатив дека не можете да останете во врска само поради љубов. Ниту една жена не смее да остане со маж кој ја злоставува и кој не е подготвен да се извини, изјави Линдзи.

Актерката изјави дека до расправијата дошло откако Игор се поднапил, но тоа не било прв пат такво нешто да се случи.

Само неколку дена пред да заминат на Миконос, актерката е снимена како бара помош на балкон во Лондон.

-Ве молам помогнете ми, за малку ќе ме убиеше, викаше таа.

Во солзи Линдзи додаде: Тоа не беше прв пат. Во тоа е и проблемот. Овој пат некој не виде. Во минатото имав доста проблеми со полицијата“.

Лохан има само 30 години, а актерската кариера ја прекина поради зависноста од алкохолот и дрогата.

Актерката неколку пати предизвика сообраќајни несреќи и е уапсена поради возење во алкохолизирана состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1