Стигнаа резултати: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење


Водата во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна за пиење, информира Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кој задолжен за секојдневен мониторинг на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопје и утврдување на нејзината санитарна исправност.90718_voda-iz-cesme_f

– Стручни тимови на Центарот беа вонредно ангажирани на ден 07.08.2016 (недела). Тимовите излегоа на терен за да извршат теренски мерења и да земат примероци на вода од мерните места, кои ги опфаќаат кризните подрачја, со акцент на зафатените од природната стихија. Резултатите од сите теренски мерења од аспект на механичко загадување (маснотија) и концентрација на резидуалниот хлор во системот беа во рамките на максимално дозволените концентрации, а лабораториските испитувања покажаа физичко-хемиска и микробиолошка исправност, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл.Весник на РМ бр.46 од 2008 година), соопшти Центарот.

Оттаму посочуваат дека нивни тимови и во текот на вчерашниот ден повторно ги посетиле кризните подрачја и зеле примероци од вода за пиење.

– Првичните резултатите од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење, посочуваат од Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1