Доаѓаме во време на превирања во Југославија. Доаѓа до пад на Берлинскиот ѕид. Во поранешните социјалистички земји се воспоставува повеќепартиски систем. Се појавуваат различни влијанија, руски фактор, американски фактор, ЦИА, ЕУ, Вили Брант, италијанската влада! Што очекуваат, што бараат од Вас, Што сакате пак Вие?
-Дваесеттина дена по смртта на Тито ме повика мојот издавач Јовановиќ од Америка. Тој го отпечати „Време на смртта“ во две изданија, едно популарно, едно обично, на англиски. Ме повика итно да дојдам во Лондон. Се спремивме со мојата ќерка која зборуваше англиски и стигнавме во Лондон.
Ни го резервираа хотел „Клервиџ“, а јас знам дека во „Клервиџ“, одат Тито и оние саудиски кралеви на нафтата. Отидов во најнормален хотел со Ана. Му се јавивме на Вилијам Јовановиќ, а тој нè повикува на ручек во Клервиџ. После ручекот вели: „Ајде да прошетаме малку низ Лондон.“ Излеговме и нè води низ улици со најголема гужва. Почнува да и го раскажува следново: „Веднаш да ви биде јасно, јас сум претставник на Централната разузнавачка служба и ви пренесувам порака од Андропов и американската влада. Американската и советската влада сакаат по Тито да му најдат заменик. Има два кандидата, Ѓилас и Вие. Заклучија дека Вие сте помлад и попопуларен. Се остана на тоа што американските, советските и нашите служби работат на тоа Вие да го замените Тито и да ја преземете власта во Југославиа. Мојата ќерка пребледе, и ми го преведе тоа.
-Ја одбивам понудата на Тито, ја одбивам и вашата, немам таква способност. Како може да ви падне на ум дека еден писател, потполно неквалификуван, може да го замени Тито. Како може да се замени Тито. Немојте, господине Јовановиќ, воопшто да разговараме за тоа – реков.
-Немате Вие што да работите. Се ќе прават службите. Вие треба само да се сложите и да се однесувате како што ќе процениме ние. Ќе работиме на тоа и да добиете Нобелова награда за книжвност – ми одговорија.
– Добросав Ќосич (29.12. 1921 — 18. мај 2014) српски писател, политички и национални теоретичар и редовен член на САНУ. Бил прв претседател на Сојузна Републике Југославија од 1992. до 1993. године.