Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег, на југоисток ќе бидат главно од дожд, а на планините снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Пообилни врнежи повторно ќе има попладне и ноќта кон сабота и локално се очекува да наврнат нови 30л/м2, особено на југ и југоисток.
Во западните и северните делови се очекува формирање на снежна покривка и на некои пониски места, додека на планините ќе продолжи значително да се зголемува (нови 20см и повеќе). Врнежите од снег ќе продолжат до недела претпладне.
Од понеделник следува стабилизација на времето.