ОБНОВЕНО: 25 уапсени од кои 13 се судии – Детали за апсењето на судиите


Десетина судии утрово се уапсени во голема акција на полицијата во Скопскиот суд. Покрај нив со лисици на рацете завршиле уште десетина стручни соработници, сите приведени се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување.

apsenje policija

Дваесет и пет лица од  Основниот суд Скопје 1 – оддел за прекршоци, од кои 13 судии, изутрината се приведени поради несовесно работење во службата. Тие го оштетиле буџетот за 68.000.000,00 денари.

– Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка против 25-те осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1