ОБНОВЕНО Газда на менувачница кај „Чешма“ уби двајца мажи


МВР соопшти дека во 16.35 часот во Единицата за известување и команда било пријавено дека на улицата Борис Трајковски во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје.

Според првичните сознанија од увидот, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле вооружени во менувачницата во која што се наоѓал нејзиниот сопственик, Г.А. (58) од Скопје.

Во обид да извршат разбојништво, велат од МВР, прво настанала физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што тој со пиштол ги убил двајцата.

СВР Скопје информира дека во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1