Сопственикот на менувачницата пред 5 години бил нападнат во истиот објект, останал инвалид


Во менувачницата „Македонија“ влегле две лица, најверојатно во обид да извршат грабеж. Потоа се слушнале истрели и тие најверојатно се убиени од сопственикот на менувачницата. Според првичните информации од МВР настанот се води како вооружен инцидент. Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна.

-Неофицијално дознаваме дека сопственикот на менувачницата пред 5 години бил нападнат во истиот објект, кога бил застрелан во нога и останал инвалид. Дали се работи за истите лица, за освета, за нерасчистени сметки или за грабеж засега не се знае, објави порталот МКД.мк.

Пред да се случи инцидентот во менувачницата влегол еден граѓанин и кратко откако излегол слушнал истрели. Сопственикот на менувачницата најверојатно бил сам во објектот кога двете лица влегле кај него.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1