Обожавателките во Србија пред Бали-бег паѓале во несвест


Популарниот турски актер и миленик на женската публика ширум светот Бурак Озџивит, попознат како Бали-бег од популарната серија „Сулејман Величенствениот“ на 6 април ќе пристигне во Србија и во културниот центар во Нови Пазар ќе го промовира својот последен филм „Мојот брат“ во кој ја игра главната улога.1bali.jpg500

Единствен услов на актерот за да дојде во Србија било еден цел хотел да се испразни само за него, пренеусваат српските медиуми.

Влезниците за филмот кои беа пуштени во продажба викендов биле распродадени за 40 минути.Bali beg

Како што пренесуваат српските медиуми, една девојка која стоела во ред се онесвестила од возбуда, па пријателите и работниците во културниот центар и помогнале даси дојде на себе. Кога се освестила почнала да плаче. Во моментот кога било објавено дека нема повеќе карти во продажба, неколку девојки почнале хистерично да плачат. На премиерата на филмот се очекуваат фанови од целиот регион.

За пристигнувањето на актерот на премиерата ќе биде организиран и холивудски дочек со црвен килим. По него ќе прошетаат влијателни луѓе од турската филмска индустрија.

Актерот пред неколку месеци се сврши со својата колешка, Хајрије Евџан, со која играа заедно во турската серија „Дневникот на Фериде“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1