Почина пејачката Лола Новаковиќ


Кралицата на евергринот со незаборавен распон на глас Зорана Лола Новаковиќ почина во 81-та година од животот во својот дом во Белград. Родена е на 25 април 1935 година во Белград. Лола беше исклучително популарна во 60-тите и 70-тите години и истовремено првиот естраден уметник од Југославија кој настапувал во Русија.Zorana_Lola_Novakovic_2

Лола Новаковиќ беше голема ѕвезда во поранешната СФРЈ, а како претставничка на Југославија во 1962 година настапувала на изборот за песна на Евровизија со песната „Не ги пали светилките во самрак“ и го освоила високото четврто место.

Својата кариера офцијално ја започнала во 1957 година, кога почнала да пее за Радио Белград и истата година со забележителен успех ги бранела државните бои на саемот во Лајпциг. Победувала на многу фестивали во регионот и во Европа, а интересно е дека долго го држела рекордот во должина на аплауз што го добила. Имено, еднаш без прекин ѝ аплаудирале дури 10 минути.

Првиот брак, кој траел нешто пократко од две години, го склопила во 1962 година со професорот по фискултура Боро Крагујевиќ. Во 1966 година се омажила за Мило Јовановиќ, претставник на авиокомпанијата „Панамерикан“, меѓугоа од него се развела по четири години. Пресуден пресврт во нејзиниот емотивен живот се случил во 1971 година кога на фестивалот „Белградска пролет“ во алтернација со Драган Антиќ ја пеела песната „Љуби ме“. Тогаш во жолтиот печат се појавила приказната за нивната љубов, што тие најпрво ја криеле, бидејќи Драган повеќе од една деценија бил помлад од неа. Сепак, љубовта победила и нивниот брак траел до 2000 година. Тогаш одлучила да се повлече од уметничкиот живот, изморена од новинариските измислици и заситена од фестивалите. Единствени настапи кои Лола Новаковиќ ги обележила последните години биле во „Театар на Теразија“, во кабарето „Добри, стари времиња“.

Од 2000 годинa била членка на ансамблот „Театар на Теразија“, имала многу гостувања во разни ТВ-емисии. Во кариерата снимила повеќе од 500 песни, кои изглегле на 50 различни албуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1