Oбвинение за скопјанецот кој со сатар се обиде да ја убие сопругата пред малолетното дете


Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди.apsenje lisici policija

На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите малолетни деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, сега обвинетиот веднаш беше лишен од слобода, информираат од судот.

Обвинителниот акт е поткрепен со повеќе материјални докази, записници од извршени вештачења и искази на сослушани лица.

Заедно со поднесувањето на обвинителниот акт, надлежниот обвинител до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1