Обвинет Французинот кај кого беше најдено оружје на лондонскиот аеродром Гетвик


Французинот Жером Шаурис од градот Вендом, е обвинет од британските правосудни власти за безбедносната тревога што ја предизвика вчера на лондонскиот аеродром Гетвик.

Шаурис е обвинет за поседување оружје додека се подготвувал да отпатува од Британија.aerodrom_london

При проверката на багажот кај него е открена пушка и војнички нож.

Веднаш потоа била покрената безбедосна тревога, па полицијата и безбедносните служби на Гетвик наредиле сите патници да легнат на подот, по што почнала нивна евакуација.

Специјална екипа извршила контролирана експлозија на неговиот багаж, а тој бил веднаш уапсен.

Сите патници како и персоналот на аеродромот, на терминалот „Север“ биле префрлени во околните хотели.

Аеродромот Гетвик, кој е втор по глемина аеродром во Лондон и во Велика Британија, беше затворен шест часови.

Подоцна беше утврддено дека станувало збор за воздушна пушка.

Инцидентот со францускиот патник на лондоснкиот аеродром се случи само 12 часа по терористичките напади во Париз во кои беа брутално убиени 129 лица, а повеќе од 350 повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1