Обвинетите Скендер Демири и Бесир Беља не чувствуваат вина за убиството на Саздо


Обвинетите за убиството на Никола Саздовски, Скендер Демири и Бесир Беља кои денеска прв пат седнаа на обвинителна клупа, не чувствуваат вина.

Тие се изјаснија како невини за делото кое им се товари.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда. Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули почина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1