Основното јавно обвинителство-Прилеп нареди обдукција на починатата родилка, која во текот на вчерашниот ден во прилепската општа болница „Борка Талески“ била примена и во попладневните часови родила здраво дете.
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека повеќе часови по породувањето, односно денеска околу 1:50 часот дваесет годишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп.
Обвинител извршил увид на лице место, при што донел наредба за обдукција на починатата родилка и наредби за обезбедување на доказен материјал.
Во насока на расветлување на настанот, во тек е преземање и на други дејствија, се вели во соопштението.