Обвинителството нема да покренe постапка за случајот „Македонска Банка“ и мито


Нема да има постапка за „Македонска банка“, Јавното обвинителство ја отфрла кривичната пријава поднесена од СДСМ. Доцна попладнево во соопштение извести дека не нашле криминал во случајот и доказите.

Обвинителството порачува дека процесот на промена на мнозинската структура во банката се одвивал во декември 2003 а завршил во месец јануари 2004 година и истиот се одвивал согласно тогашните законски прописи.

makedonska bankaСпоред обвинителството не постоело влијание и посредување врз мнозинството акционери во „Македонска банка“, да ги продадат акциите од 51% на Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини и обратно тој да ги купи.
Според Кривичниот законик, стои во соопштението, доколку поминало 10 години, а немало отворен процес, не може да се превземе кривично дело, и доколку имало сомневање за него.

– Во конкретниот случај пријавениот Никола Груевски како пратеник во Собранието на РМ и Претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ го немал својството кое законот го бара за да во рамките на своите службени овластувања изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, а во врска со продажбата на акциите на „Македонска банка“ АД Скопје и за тоа директно или индиректно да побара или прими подарок или друга корист, или ветување за подарок или корист за себе или за друг, стои во соопштението.

Во однос на аудио снимкaта која што од СДСМ ја доставија како доказ, од обвинителството тврдат дека била незаконски направена и не може да се земе в предвид. Според обвинителството немало барање ниту за вештачењето на снимката и тоа не може да се земе в предвид.

– Во самата кривична пријава не е наведено на кој начин е прибавен овој компакт диск. Несомнено е дека се работи за снимен телефонски разговор помеѓу две лица, но евидентно е дека за снимање на ваков разговор не постои наредба од надлежен државен орган донесено согласно законските прописи и во постапка согласно законот. Она што како доказ се прилага кон кривична пријава не смее да биде прибавен на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на РМ, законот и меѓународните договори, ниту пак доказите произлезени од нив можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука, се вели понатаму во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1