Обвинителството побара притвор за четворица учесници во протестите пред Владата


Основното јавно обвинителство – Скопје денес прими кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи против четири лица, за кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, сторени во текот на завчерашните протести пред Владата на Република Македонија.

vlada nokj mk 2

– Постапувајќи по поднесената кривична пријава, а со цел да се обезбеди непречено одвивање на истрагата од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Предлог за определување мерка „притвор“ против сите четири осомничени лица, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред, се вели во денешното соопштение од скопското Јавно обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1