Вранишковски останува во затворот Идризово, Обвинителство го фати последниот рок и поднесе жалба , да не му се дозволи условен отпуст. Сега ќе одлучува Апелациониот суд.
Преку писмено соопштение од Обвинителство велат дека го уважиле предлогот за условен отпуст, но не се откажале од правото на жалба и се сомневаат дека Вранишковски ќе изврши кривични дела и нема да ја оправда довербата на правосудните органи.
-ЈОРМ на РМ Обвинителството смета дека треба да се преиспитаат околностите за условен отпуст на осуденото лице, како и дали ќе се постигнат целите на условниот отпуст . Истовремено обвинителството ги ценеше околностите кон овој кривично правен предмет и вообичаената досегашна пракса за должината на отпустот.
Воедно смета дека се променети околностите кои укажуваат дека осудениот може во иднина да врши кривични дела и со тоа нема да ја оправда довербата која му е дадена со условниот отпуст, па затоа во законскиот рок се поднесе жалба против решението на судот, а која жалба ќе се цени во повисокиот суд.
Вранишковски има издржано три, од вкупно 5 години затвор поради проневера на 250 000 евра пари на МПЦ.