Обвинителството се премисли – Јован Вранишковски денеска не излегува од затвор


Вранишковски останува во затворот  Идризово,  Обвинителство го фати последниот рок и поднесе жалба , да не му се дозволи условен отпуст. Сега ќе одлучува Апелациониот суд.

Преку писмено соопштение од Обвинителство велат дека го  уважиле   предлогот за условен отпуст, но не се откажале од правото на жалба и  се сомневаат дека  Вранишковски ќе изврши кривични дела и нема да ја оправда довербата на правосудните органи.vraniskovski

-ЈОРМ на РМ Обвинителството смета дека треба да се преиспитаат околностите за условен отпуст на осуденото лице, како и дали ќе се постигнат целите на условниот отпуст . Истовремено обвинителството ги ценеше околностите кон овој кривично правен предмет и вообичаената досегашна пракса за должината на отпустот.

Воедно смета дека се променети околностите кои укажуваат дека осудениот може во иднина да врши кривични дела и со тоа нема да ја оправда довербата која му е дадена со условниот отпуст, па затоа во законскиот рок се поднесе жалба против решението на судот, а која жалба ќе се цени во повисокиот суд.

Вранишковски има издржано три, од вкупно 5 години затвор поради проневера на 250 000 евра  пари на МПЦ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1