“Оче, прости им, не знаат што прават” – Најцрниот ден во Христијанството – Велики петок


На Велики Петок се случува најстрашното: мачење, распнување, умирање на Крст.

Исуса Го водат од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата бива извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). збороби кои  Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:

  • Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
  • Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
  • Погледнува кон Јована и ѝ вели на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му вели на Јована: „Еве ти мајка“!
  • Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.
  • Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умира на крстот. Повикува на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“

Некои неблагодарни луѓе како да ги заборавија Неговите чуда: слепи прогледуваа, глуви прослушуваа, хроми проодуваа, мртви воскреснуваа. Незнабожните луѓе докажаа дека ги сакаат желбите на својата огревовена, расипана волја и гласно викаа: “Распни Го, распни!”.

isus_hristos-300x300

Лажните обвиненија од беззаконите сведоци: “Исус е безбожник, Исус е бунтовник, Исус е непријател на законот, Исус себеси лажно се нарече дека е Син Божји, Исус лажно се нарече дека е цар Израилев, Исус влезе во храмот со народот кој носеше палмови гранки”, донесуваат неправедна пресуда.

“Понтиј Пилат, намесник во Галилеја, судејќи на судскиот престол го осудил Исуса од Назарет со крсна смрт, да се распне меѓу двајца разбојници”.

Оваа пресуда ја потпишуваат сведоците: Данило Робани, Јован Зоробател, Рафаело Робани и Кипер книжевник. Мермерната плоча со пресудата се чува во капелата Фон Казариј којашто се наоѓа во италијанската населба Казериј.

Текстот е напишан на еврејски јазик. Римските војници во преторијата го тепале, удирале по образите, го хулеле, му се потсмевале, му облекле багреница, му ставиле трнов венец на главата, а потоа осудениот Христос на смрт, целиот раскрвавен, со тешкиот дрвен Крст на телото, чекори по патот на Голгота.

По него оди многу народ. Во пресрет му притрчува Мајка Му која ја чувствува сета физичка и душевна болка. Го гледа во очи, го фаќа за десната рака, го става своето рамо под Крстот, барем за миг да му помогне.

isus

На местото Черепница, сатански слуга со огромен чекан удира по големите клинци и ги забива во месото на Христа. Го приковува по рацете и нозете на Крстот. Крвави мајчиното срце чувствувајќи го секој удар на чеканот.

Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук.

Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”. Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени.

Нема и скаменета од болка го гледала Богородица безживотното тело на својот син. Јосиф од Ариматеја отишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погребаат.

Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1